• петок, 05 декември 2025

Интер одби 50 милиони евра од Челзи за Бастони

Интер одби 50 милиони евра од Челзи за Бастони

 

Милано, 18 август 2025 (МИА) – Калчолигашот Интер одби да го продаде дефанзивецот Алесандро Бастони на лондонски Челзи, објави денеска весникот „Ла Газета дело Спорт“.

Според истиот извор, премиерлигашот понудил 50 милиони евра за услугите на 26-годишниот италијански репрезентативец, но Интер ја одбил понудата.

Бастони минатата сезона одигра 57 натпревари, постигнувајќи два гола, а и имаше шест асистенции.

Италијанскиот репрезентативец се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но шпанскиот првак се повлече од преговорите со Интер поради високата цена поставена за Бастони. ег

ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан