Интер Мајами без Меси ремизира со Синсинати
- Интер Мајами ноќеска одигра нерешено, 0:0 со Синсинати на домашен терен во натпреварот од регуларната сезона на американската МЛС.
Мајами, 27 јули 2025 (МИА) - Интер Мајами ноќеска одигра нерешено, 0:0 со Синсинати на домашен терен во натпреварот од регуларната сезона на американската МЛС.
Домашниот тим во составот ги немаше Лионел Меси и Хорхе Алба. Двете ѕвезди на американскиот тим го пропуштија натпреварот поради дисквалификација, бидејќи не учествуваа во Ол-старот на тимовите од МЛС и Мексиканската лига.
По овој натпревар, Интер Мајами со 42 бода го зазема петтото место во Источната конференција, Синсинати со 49 бода е на првото место. зс/
Фото: ЕПА