Интердисциплинарен настан музика и филмска поезија во Крива Паланка
- Стихови поезија од Дејан Трајковски инспирирана од филмски сцени во придружба со музика во изведба на Бранислав Николов и Гоце Јованоски вечерва беше претставена пред публиката во Европската куќа Крива Паланка.
Крива Паланка, 21 август 2023 (МИА) - Стихови поезија од Дејан Трајковски инспирирана од филмски сцени во придружба со музика во изведба на Бранислав Николов и Гоце Јованоски вечерва беше претставена пред публиката во Европската куќа Крива Паланка.
-Станува збор за проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија”, интердисциплинарен проект во развој, фузија на поезија, филм и
музика. Идејата е да се реобмисли уметничко дело и да се создаде ново, во поинаква форма од оригиналното. Поезијата во оваа книга е инспирирана од сцени од легендарни филмови. Идејата се роди за време на Ковид -19 пандемијата, кога ние, како долгогодишни пријатели, слушајќи се и комуницирајќи онлајн, ја создадовме оваа поезија инспирирана од филмски сцени. Како подлошка служеа филмските песни, подоцна ги прочитаа Бранко и Гоце и се потсетија на сцените по кои се создаваше поезијата, а така се роди овој проект,одраз на интердисциплинарноста што во уметноста не е ретка, рече Трајковски.
Проектот е поддржан од Европска Унија, а се реализира во организација на Метрика Култура.ид/вј/
Фото: МИА