• петок, 22 ноември 2024

Интензивно се гради колекторскиот систем за фекална канализација Илинден-Марино

Интензивно се гради колекторскиот систем за фекална канализација Илинден-Марино
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Општина Илинден информира дека интензивно работи на реализација на капиталниот проект за изградба на колекторски систем во должина од 5000 метри, покрај Главниот отворен канал, којшто минува низ населените места Илинден и Марино, што ќе ги зафати отпадните фекални води што се испуштаат во одводниот канал. Градоначалникот Александар Георгиевски при денешниот увид на градежните работи истакна дека на колекторскиот систем ќе можат да се приклучат околу 1.130 домаќинства. - Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од големо значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Токму затоа изградбата на фекална канализација со пречистителни станици останува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, рече Георгиевски.фф/дма/

Остани поврзан