• понеделник, 23 декември 2024

Институт за воени студии: Путин сфати дека е премногу опасно да го елиминира Пригожин

Институт за воени студии: Путин сфати дека е премногу опасно да го елиминира Пригожин

Вашингтон, 28 јуни 2023 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин веројатно навреме сфати дека не може да го елиминира основачот на платеничката војска „Вагнер“, Евгениј Пригожин, а истовремено да не го направи маченик, објави денеска американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк Институт за различни студии (ISW).

Да потсетиме, рускиот претседател Путин, преку посредникот, белорускиот претседател Александар Лукашенко, го прогони Пригожин во Белорусија и ги отфрли сите кривични пријави против него, откако борците на „Вагнер“, на чело со Пригожин, во саботата почнаа бунт во Русија.

Иако бунтот на „Вагнер“ резултираше со смрт на руските пилоти кои го нападнаа нивниот конвој  што се движеше кон Москва, ИСВ (ISW) наведува дека Пригожин „сè уште ужива одредена поддршка“ кај руската јавност, како и кај редовната армија.

Шефот на Вагнер со месеци водеше кампања за промени во самиот врв на руската војска, обвинувајќи го Министерството за одбрана за запоставување на воениот персонал вклучен во борбите во Украина, порака што силно одекна кај многу војници и нивните семејства.

„Кремљ мора да се погрижи овие групи да ги изгубат сите илузии за Пригожин на начин што ефективно ќе го лиши од поширока поддршка во Русија“, се наведува во најновиот извештај на ISW.

„Кремљ веројатно силно ќе го нападне и постојано ќе го оцрнува Пригожин во јавноста за да ја скрши јавната поддршка во него, но и да ги обесхрабри „Вагнерците“ кои сакаат да го следат во Белорусија, како и да ја уништат неговата финансиска моќ“, се наведува во извештајот на Институтот за воени студии. сд/

Остани поврзан