• понеделник, 25 ноември 2024

Инспектори спречени да направат контрола во угостителски објект на „Боемска улица“

Инспектори спречени да направат контрола во угостителски објект на „Боемска улица“
Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) - Раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје Мери Продановска вечерва на вонредна прес-конференција изјави дека инспектори  биле спречени да извршат контрола во угостителски објект на „Боемска улица“. Според неа, додека инспекторите чекале да влезат, од објектот излегол претседател на политичка партија, но не прецираше за кого станува збор. -Вечерва, Државниот пазарен инспекторат во редовни надзори, односно вонредни надзори на теритоирја на Скопје околу 18:15 часот беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект со образложение дека угостителскиот објект е од зтворен тип и дека нема гости внатре. Колегите продолжија во другите усготителски објекти, но сепак се вратија кај истиот угостителски објект со уште една замолица да им се отвори објектот да извршат надзор. По два и пол часа успеавме да влеземе во објектот, но пред тоа имаше други дејствија, од објектот излегоа луѓе кои инспекторите не можеа да ги легитимираат, но препознаен е претседател на политичка паритја, рече Продановска. Запрашана кој бил лидерот на партија, што бил во објектот, таа рече дека не може да каже, бидејќи не била таму. Сопственикот на локалот бил повикан, но дошол по два и пол  часа чекање пред објектот. Продановска информира дека угостителскиот оператор ќе добие кривична пријава  по член 205 и 206  за непочитување на забрана за обавување дејност во објектот и за споречување на инсепкциски надзор. вг/вј/      

Остани поврзан