• петок, 22 ноември 2024

Инспекторат за животна средина: Зајакнати контроли за спречување опожарувања на депонијата Доброшинци

Инспекторат за животна средина: Зајакнати контроли за спречување опожарувања на депонијата Доброшинци
Скопје, 9 јули 2021 (МИА) - Државниот инспекторат за животна средина  соопшти дека завчера спровел вонреден инспекциски надзор на депонија лоцирана во близина на селото Добрашинци што се користи за отстранување отпад од Струмица. Од Инспекторатот информираат дека депонијата во моментот на надзорот не била опожарена, но граѓаните од околината се жалат дека таа често гори. Областа зафатена со депонирање, како што појаснува Инспекторатот, има површина од 12 хектари и е оградена, но има можност за неовластен пристап, што повремено се злоупотребува за потпалување на депонијата. - Заради високите температури се јавува и самозапалување. На теренот има механизација што врши прекривање со земја, а се доведува и вода за гасење од системот во состав на Водостопанство АД, што минува покрај депонијата. Јавното претпријатие се задолжи да ги зајакне контролите, редовно да проверува евентуални оштетувања на оградата и да врши почесто прекривање на отпадот со земја, а со тоа да обезбеди и уште еден багер со кој прекривањето со земја ќе се врши на поголема површина - со цел спречување на нови опожарувања, соопштија од ДИЖС.фф/лв/

Остани поврзан