• четврток, 18 јули 2024

Инсиње: Меси е најдобриот, но Марадона е светец за неаполитанците

Инсиње: Меси е најдобриот, но Марадона е светец за неаполитанците
Неапол, 25 февруари 2020 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње, зборуваше за напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, пред нивниот меѓусебен осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. -Меси во моментов е најдобриот играч на светот, но не можам да го споредувам со Марадона, затоа што за нас неаполитанците, Диего е светец, изјави Инсиње. Натпреварот Наполи – Барселона се игра вечер со почеток од 21 часот. зс/

Остани поврзан