• петок, 22 ноември 2024

Иницијативниот одбор за свикување Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го одложи закажаниот конгрес за 28 март

Иницијативниот одбор за свикување Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го одложи закажаниот конгрес за 28 март
Скопје, 18 март 2021 Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржа состанок на кој беа разгледани подготовките за Конгресот закажан за 28 Март во Скопје. Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес. Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин. Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес
ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива

Остани поврзан