• вторник, 24 декември 2024

Иницијатива „Подобро за Тетово“: Измените во ИЗ во пресрет на локалните избори е недемократско дејствување

Иницијатива „Подобро за Тетово“: Измените во ИЗ во пресрет на локалните избори е недемократско дејствување
Тетово, 29 јули 2021 (МИА) - Од граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ сметаат дека одлуката парламентарните политички партии да го сменат Изборниот законик (член 62) во пресрет на локалните избори и усвојувањето на законот со забрзана постапка, претставува тенденциозно, како што велат, шверцување и крајно недемократско дејствување. - Ние сме длабоко убедени дека оваа акција е насочена само кон заштита на интересите на старите политички партии и спречување на нови независни граѓански иницијативи, како и граѓански активисти кои се подготвени да учествуваат на претстојните локални избори, за да ја сменат деградираната ситуација во нашите општини. Владејачките партии ја донесоа оваа одлука веднаш по објавувањето на јавноста дека организациите како што се Зелен хуман град - Скопје, Подобро за Тетово - Тетово, Поинаку - Битола, Зелените кандидати - Гази Баба / Скопје итн ќе се натпреваруваат со списоците на независни советници. Ова е јасен показател дека старите партии се свесни дека ја изгубиле вербата во независниот гласач и дека го загрозуваат удобноста од неодговорното владеење и без отчет.  Индикативно е дека старите партии првично го поздравија учеството на независни листи на изборите, но сигурно откако спроведоа внатрешни анкети и ја забележаа големата поддршка што ја уживаат овие листи кај граѓаните, тие ја сменија стратегијата и сега со антидемократски методи сакаат да нè попречуваат, посочуваат од иницијативата. Од „Подобро за Тетово“ велат дека Премиерот заедно со другите партии, наместо да ги адаптира и кај нас позитивните примери на демократски земји како Данска, Германија, Грција, Хрватска или Малта каде што пречките за учество на изборите се скоро отстранети, го прави спротивното. - Гледа како да попречува и да ги саботира со комплицирани бирократски процедури во периодот кога се уште пандемијата не е изчезната, со единствена цел - да се зачува монополот на старите партии во општеството и да се исклучи вклучувањето на граѓаните во донесувањето одлуки како основен демократски принцип на човековите права, а исто така загарантирано и со Устав. Дури и земјите од регионот немаат такви пречки што старите партии имаат намера да ги спроведат во нашата земја, велат меѓу другото од иницијативата. „Подобро за Тетово“ заедно со другите иницијативи со поддршка на најмалку 20 невладини организации во Македонија, испратија писмо до претседателот на државата Стево Пендаровски, Европскиот дом Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Дипломатските мисии во земјата да одговорат на оваа одлука со што, како што сметаат, се попречува демократскиот изборен процес во земјата. ас/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан