• вторник, 05 ноември 2024

Иницијатива на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“

Иницијатива на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Рекордни 78 берзи меѓу кои и Македонска берза АД Скопје ќе учествуваат годинава во иницијативата на Светската федерација на берзи „Да заѕвониме за финансиска писменост“, како поддршка на кампањата „Светската недела на инвеститорот“, во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност. Иницијативата трае од 4 октомври до 10 октомври, при што берзите ширум светот одржуваат церемонии на ѕвонење на берзанските ѕвона, тематски работилници и настани, со цел подигање на свеста за важноста и неопходноста на финансиската писменост и инклузија и нивното влијание врз животот на луѓето. По тој повод во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи настан на кој ќе биде најавено и воведување на наставен предмет за принципите на функционирање на пазарот на капитал што во иднина би се изучувал во дел од средните училишта. Обраќања ќе имаат министерката за образование и наука Мила Царовска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза, а ученици од СЕПУГС „Арсениј Јовков“ ќе ги споделат своите искуства од учеството во пилот проектот „Виртуелна берза“. свс/сп/

Остани поврзан