• вторник, 26 ноември 2024

Индонезија повикува на заедништво во справувањето со глобалните предизвици, средбата Г20 во сенка на војната во Украина

Индонезија повикува на заедништво во справувањето со глобалните предизвици, средбата Г20 во сенка на војната во Украина
Џакарта , 8 јули 2022 (МИА) - Индонезиската министерка за надворешни работи Ретно Марсуди повика на окончување на конфликтот во Украина и изнаоѓање решение за заканувачката глобална криза со храна. Во обраќањето пред учесниците на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г20 на Бали Марсуди предупреди дека поларизирањето во светот ги отежнува напорите да се седне на иста маса и на тој начин да се одговори на глобалните предизвици. Војната во Украина фрли сенка врз состанокот, а западните претставници ја бојкотираа свечената вечера организирана од домаќинот поради присуството на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. „Мултилатерализмот не е совршен. Но, дали можеме да замислиме да треба да живееме без мултилатерализам? Сигурна сум дека ситуацијата ќе биде уште полоша. Едностраноста ќе стане норма, моќните ќе преземат сè“, предупреди Марсуди во говорот пред учесниците на средбата. На средбата во туристичкото одморалиште на Бали присуствуваат и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, како и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, што е прва можност за директна средба на високи руски и дипломати од Запад од февруари годинава кога почна руската инвазија врз Украина. Минатата седмица индонезискиот претседател Џоко Видодо ги посети Киев и Москва, обидувајќи се да посредува меѓу завојуваните страни. Тој неодамна предупреди дека глобалната криза со храна предизвикана од војната во Украина претставува закана од екстремна сиромаштија и глад за населението на многу земји во развој. аб/

Остани поврзан