• вторник, 26 ноември 2024

Индија протера висок канадски дипломат

Индија протера висок канадски дипломат

Њу Делхи, 19 септември 2023 (МИА) - На висок канадски дипломат му беше наредено да ја напушти Индија во вторникот, соопшти Министерството за надворешни работи на Њу Делхи, неколку часа откако Отава протера индиски дипломат поради убиството на активист на Сиките во близина на Ванкувер.

Одлуката на Њу Делхи ја одразува нејзината „растечка загриженост поради мешањето на канадските дипломати во нашите внатрешни работи и нивното учество во антииндиските активности“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи. 

Министерството за надворешни работи на Индија ги отфрли обвинувањата на канадскиот премиер Џастин Трудо за индиска вмешаност во убиството на активист на Сиките како „апсурдни и мотивирани“.

Форин Офисот објави соопштение во кое се вели дека на неодамнешниот самит на Г20, Трудо упатил такви обвинувања против индискиот премиер Нарендра Моди.

„Таквите неосновани обвинувања имаат за цел да го оддалечат фокусот од терористите и екстремистите од Калистан на кои им е дадено засолниште во Канада и продолжуваат да го загрозуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Индија“, се вели во текстот. Индија е вознемирена од неактивноста на канадската влада, нагласи Министерството.

Во меѓувреме, Вашингтон изрази загриженост поради забелешките на Трудо.

„Длабоко сме вознемирени од наводите... на премиерот Трудо. Остануваме во постојан контакт со нашите канадски партнери. Од клучно значење е канадската истрага да продолжи и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Адријан Вотсон, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан