• понеделник, 23 декември 2024

Индија подготвува кандидатура за домаќин на Олимписките игри во 2036

Индија подготвува кандидатура за домаќин на Олимписките игри во 2036


Њу Делхи, 25 мај 2024 (МИА) – Индиските власти формираа стручен тим со задача да собира информации за спецификите на организацијата на големите спортски настани и да ја подготви Индија за можно домаќинство на Летните олимписки и параолимписки игри во 2036 година, изјави денеска премиерот Нарендра Моди во интервју за телевизискиот канал News18.
Според индискиот премиер, работната група ќе ги посети Летните младински олимписки игри во Сенегал во 2026 година, како и шаховската олимпијада, Светските игри на плажа и други настани.
„Формирав тим и им кажав да одат како набљудувачи на сите овие настани и да ги проучат деталите. Треба да ги развиеме човечките ресурси, да подготвиме инфраструктура, да разбереме што е потребно за организирање на голем спортски настан“, рече индискиот премиер.
Моди во октомври лани ги објави плановите неговата земја да се кандидира за домаќин на Олимпијадата 2036, истакнувајќи оти Индија ќе вложи максимални напори да ја добие организацијата на најголемиот спортски настан во светски рамки.
Мексико, Индонезија и Полска исто така се меѓу кандидатите за домаќини на Олимпијадата во 2036 година. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан