• недела, 22 декември 2024

Индија и Бразил ја зајакнуваат воената соработка

Индија и Бразил ја зајакнуваат воената соработка

Њу Делхи, 16 март 2024 (МИА) - Првиот консултативен состанок меѓу Индија и Бразил - две членки на БРИКС - за зајакнување на меѓусебната воена соработка се одржа во Њу Делхи, јавија светските агенции.

Воведниот дијалог „2+2“ ги собра високите претставници на министерствата за надворешни работи и одбрана на двете земји, двете земји, што претставува важен чекор кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Индија и Бразил, велат набљудувачите.

Со дијалогот во Њу Делхи копретседаваа потсекретарот во Министерството за надворешни работи Г.В. Сринивас и секретарот во Министерството за одбрана Вишвес Неги. Бразилската делегација ја предводеа директорот на бразилското Министерство за надворешни работи Марсело Камара и контраадмиралот Фернандо де Лука Маркез де Оливиера.

Фокусот на овие дискусии беше на заедничките напори за зајакнување на воените способности, особено преку заедничкото производство на транспортниот авион со повеќе мисии C390 Mилениум (MTA) за индиските воздухопловни сили. Во овој план беше најавена соработка на бразилската воздушна мегафирма „Ембраер“ со индиската бизнис групација „Махиндра“. Индо-бразилските разговори вклучија и соработка во поправка и одржување на подморници, како и иницијативи за техничка обука на релевантниот персонал.

Индиско-бразилските консултации опфатија и голем број геостратешки теми вклучително и слободата на пловидбата, спротивставување на заканата од пиратеријата и зајакнување на врските во Југоисточна Азија. На агендата на индиските и бразилските власти беа и соработката во енергетиката, критичните минерали, технологијата, како и борбата против тероризмот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан