• петок, 05 декември 2025

Индијана ја победи Оклахома и поведе со 2:1 во финалната серија на НБА плејофот

Индијана ја победи Оклахома и поведе со 2:1 во финалната серија на НБА плејофот

Индијанаполис, 12 јуни 2025 (МИА) - Индијана ноќеска ја победи Оклахома со 116:107 во третиот натпревар од финалната серија на НБА плејофот.

Сега Пејсерси водат со 2:1 во серијата прв до четири победи.

Канаѓанецот во редовите на Индијана, Бенедикт Матурин постигна 27 поени и беше најефикасен кошаркар на теренот. Тајрис Халибартон со дабл-дабл - 22 поени и 10 асистенции придонесе за триумфот на домаќините.

Кај Оклахома се истакнаа Вилијамс со 256 и Гилџеус-Александер со 24 поени.

Четвртиот натпревар во серијата ќе се игра на 14 јуни со почеток во 2:30 часот, повторно на теренот на Индијана. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан