• понеделник, 23 декември 2024

Индиски научници открија нов вид коронавирус кај лилјаците

Индиски научници открија нов вид коронавирус кај лилјаците
Мумбај, 15 април 2020 (МИА) - Во студија на Индискиот совет за медицински истражувања (ИЦРМ) се наведува дека е откриен друг вид на коронавирус кај лилјаците во Индија. Околу 25 така наречени овошни лилјаци биле позитивни на тестот за коронавирус наречен БтКоВ. Овошните лилјаци се населени во јужниот дел на Индија и во западниот дел на Хималаи. - Овие лилјаци не се поврзан со САРС-КоВ2, што е причина за пандемијата со Ковид-19, изјави Прагиа Јадав од Националниот институ за вирусологија (НИВ) во Пуне и една од авторките на студијата. Таа додаде дека се уште нема докази дека новооткриениот коронавирус може да предизвика болест кај луѓето. - Лилјаците се сметаат за природен резервоар на голeм број вируси, од кои некои се потенцијално патогени за човекот... Потребна е континуирано активно набљудување за да се откријат нови вируси, што потенцијално би предизвикале епидемија, посочи Јадав. ми/

Остани поврзан