• петок, 22 ноември 2024

Индиските војници убиле тројца милитанти во спорниот регион Кашмир

Индиските војници убиле тројца милитанти во спорниот регион Кашмир

Сринагар, 2 ноември 2024 (МИА) - Индиската армија уби тројца милитанти во делот на Кашмир кој е под контрола на Индија, соопштија денеска локалните власти. 

Во соопштението се наведува дека војниците пресретнале група милитанти во шума во јужниот округ Анантаг, дека имало размена на оган и дека двајца бунтовници биле убиени.

Во друг инцидент, во главниот град на спорниот регион, Сринагар, полицијата и паравоените сили убиле милитант во размена на оган, откако војниците опколиле населба по дојава дека тој се крие во куќа.

Жителите велат дека војниците ја запалиле куќата во која престојувал бунтовникот, што е вообичаена тактика.

Индија и Пакистан управуваат со дел од поделениот Кашмир, но и двете земји претендираат на територијата како целина. Нуклеарно вооружените соседи водеа две војни за територијата откако се стекнаа со независност од британската колонијална власт во 1947 година.

Индија тврди дека бунтот во Кашмир е тероризам спонзориран од Пакистан. Пакистан ги негира обвинувањата, а многу жители на Кашмир тоа го гледаат како легитимна борба за слобода. Во тој конфликт загинаа десетици илјади цивили, бунтовници и владини сили.

Милитантите во индискиот дел на Кашмир се борат против нејзиното владеење од 1989 година. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан