• петок, 05 декември 2025

Индиската војска соопшти дека 10 цивили загинале во пакистанските прекугранични напади

Индиската војска соопшти дека 10 цивили загинале во пакистанските прекугранични напади

Њу Делхи, 7 мај 2025 (МИА) – Бројот на цивилни жртви во последното прекугранично гранатирање на индиска страна се искачи на 10, потврди висок функционер на индиската војска за Би-Би-Си.

Сите смртни случаи се во областа Пунч, која се наоѓа во близина на Линијата на контрола – границата меѓу Индија и Пакистан.

Во нападите се повредени најмалку 32 лица, а судирот избувна откако Индија изведе серија воздушни напади врз Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир.

Индиската војска во соопштението наведе дека пакистанските трупи „почнале произволно да гаѓаат“, вклучително и оган од огнено оружје и артилериски гранати долж Линијата на контрола и меѓународната граница. Индиската војска истакна дека ќе одговори „пропорционално“ на тие напади.

Војската на Пакистан утринава соопшти дека во индиските напади на територијата на таа земја во текот на минатата ноќ загинале 26 лица, додека 46 се повредени. јт/

Фото: Индиска армија на Х

Остани поврзан