• недела, 22 декември 2024

Инвестиции за подобрување на водоснабдувањето во општина Зрновци

Инвестиции за подобрување на водоснабдувањето во општина Зрновци
Кочани, 17 ноември 2021 (МИА) - Локалната самоуправа на Зрновци презема активности за подобрување на снабдувањето со вода за пиење за жителите од општината, а за што ќе инвестира сопствени буџетски средства. Се планира со инвестицијата да се изврши техничка надградба и санирање на дефектите во филтер станицата, а ќе се прочисти и доводот на водата до објектот. Техничките зафати во филтер станицата во Зрновци ќе се реализираат утре, поради што од општината ги известуваат граѓаните дека во текот на целиот ден ќе има прекин во водоснабдувањето на домаќинствата - Увидот во анализите за квалитетот на водата и на состојбата со водоснабдувањето што го направивме денеска покажа потреба од итни активности, а во кои вклучуваме екипи со стручни лица од повеќе области и институции. Целта е оспособување на испусниот вентил, чистење на таложникот и доводниот тунел во должина од четири километри до објектот Водна кула, потоа унапредување на лабараториско-техничката инсталација и друго техничко надградување на филтер станицата, истакна градоначалникот на Зрновци. Сè уште се прави финансиска проценка на вредноста на работите што ќе се реализираат, но крајниот ефект од нив ја оправдува инвестрицијата, истакна Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци.та/фф/

Остани поврзан