• понеделник, 01 јули 2024

Имобиле сака да го напушти Лацио

Имобиле сака да го напушти Лацио

Рим, 16 март 2024 (МИА) - Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле сака да го напушти клубот, пишува „Кориере дела сера“. Причината за ова се нападите на навивачите врз него и неговото семејство.
 
Некои приврзаници на римските „орли“ го обвинуваат 34-годишниот Италијанец за отказот на тренерот Маурицио Сари.
 
Имобиле пред неколку дена остана заглавен во сообраќаен метеж со неговиот 4-годишен син и неговата сопруга во автомобилот. Навивач на Лацио го препознал, излегол од автомобилот и почнал да го пцуе. Инцидентот многу го исплашил детето, а следниот ден неговата сопруга била навредувана на улица. Освен тоа, на социјалните мрежи веќе неколку месеци има напади против Имобиле.
 
Лацио ја изрази својата целосна солидарност со нивниот капитен Имобиле и неговото семејство во врска со вознемирувачките напади во последните денови.
 
-Спортот и последователно неговата етичка вредност мора да остане како таков. Секој акт на вербално или физичко насилство мора да биде едногласно осудено, цврсто и без оправдување, се вели во соопштението на римскиот клуб. дс

Фото: Архива

Остани поврзан