• петок, 22 ноември 2024

Именувани директори и управни одбори на повеќе ЈП и АД во сопственост на Владата

Именувани директори и управни одбори на повеќе ЈП и АД во сопственост на Владата
Скопје, 17 ноември 2020 (МИА) - На денешната владина седница донесени се одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата и на членови на комисии, како и други кадровски прашања. Владата донесе одлука Бејназ Арифи да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД - Скопје, во државна сопственост, а за член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД - Скопје, во државна сопственост, да го избере Скендер Мехмети. - Владата ја прифати оставката од проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ и ја разреши од должноста член на Националната комисија за учебници. Владата да ја прифати оставката од Дејан Ампев и го разреши од должноста в.д. заменик координатор на Национален координативен центар за гранично управување на негово барање. Владата ја прифати оставката од Муса Ибраими и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности. Владата ја прифати оставката од Зеќир Јакупоски да го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Центар за управување со кризи., се наведува во соопштението од седницата. Покрај ова, Владата го именува Арбен Ќерими за в.д. заменик на директорот во Агенцијата за катастар на недвижности, а Екрем Зендели за в.д. заменик на директорот во Центарот за управување со кризи. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Кичево е именува Назим Сулејмани, а за подрачјето на Град Скопје Авдил Јонузи. - Согласно член 23 став 1 алинеја 3 и став 2 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2007 и 104/2015) на Јованка Ѓорѓеска и утврди престанок на функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрaчјето на Тетово, поради исполнување на услови за стекнување на правото на старосна пензија, заклучно со 24.12.2020 година. Владата донесе Предлог Одлука за распишување Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Тетово, информира владината прес-служба. Владата на денешната седница го именува Сеадет Јусуфи за член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука претставник од Центарот за стручно образование и обука. Вп исто време, Олимпија Христова Заевска, ја разреши од должноста член на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, а за член ја именува Ширет Елези. Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот, на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје, да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази и на Управниот одбор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија - Скопје да го именува за в.д. директор Хари Локвенец. сп/

Остани поврзан