• вторник, 13 јануари 2026

Има загинати во возилото што падна во Радика, сообраќајот во прекин

Има загинати во возилото што падна во Радика, сообраќајот во прекин

Дебар, 2 јануари 2026 (МИА) – Во возилото паднато во водите на реката Радика во близина на Бигорскиот манастир има загинати лица. 

– Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на ПМВ од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, информира АМСМ.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката. ра/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан