• понеделник, 23 декември 2024

Имам во Малме го забрани шведското знаме

Имам во Малме го забрани шведското знаме
Малме, 19 јули 2021 (МИА) - Имамот Басем Махмуд, кој служи во делот на Малме каде живеат мигранти, го забрани шведското знаме. Според шведскиот весник „Експресен“, причината е затоа што на шведското знаме има крст, односно симбол на христијанството, за кој имамот вели дека е „несоодветен“.
Махмуд исто така изрази незадоволство од студентите кои ја прославија својата матура веејќи знамиња. „На оние што носат крстови ќе им биде ускратена молитвата, бидејќи сметаме дека овие луѓе се целосни еретици. Ако некој носи крст на облеката без да го забележи, му наредуваме да го тргне. Секогаш кога пророк ќе виде крст на облеката или такво нешто, тој би го уништил“, рече Махмуд за време на службата. паг/
 

Остани поврзан