• петок, 22 ноември 2024

Илјадници Шпанци протестираа во Мадрид против амнестијата на каталонските сепаратисти

Илјадници Шпанци протестираа во Мадрид против амнестијата на каталонските сепаратисти

Мадрид, 9 март 2024 (МИА) - Илјадници Шпанци протестираа во центарот на Мадрид против амнестијата дадена на каталонските сепаратисти кои учествуваа во неуспешниот обид за одвојување на Каталонија во 2017 година, објавија британските медиуми.

Владејачката шпанска социјалистичка работничка партија во четвртокот постигна договор со двете каталонски националистички партии, а законот за амнестија се очекува да биде изгласан во парламентот подоцна овој месец.

Амнестијата предизвика серија големи демонстрации. Социјалистите понудија амнестија во замена за поддршка за новиот мандат на премиерот Педро Санчез од двете каталонски сепаратистички партии со кои беше склучен договорот во четвртокот.

Амнестијата ќе ги опфати учесниците во сите настани поврзани со каталонското движење за независност од 2011 година, вклучително и симболичното гласање одржано во 2014 година и референдумот за независност во 2017 година, кој судот го прогласи за незаконски. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан