• четврток, 19 декември 2024

Илјадници луѓе на улиците во Словачка против укинувањето на обвинителството за корупција

Илјадници луѓе на улиците во Словачка против укинувањето на обвинителството за корупција

Братислава, 19 декември 2023 (МИА) - Во градовите на Словачка денеска повторно протестираа илјадници луѓе поради планот на новата влада на премиерот Роберт Фиц за измена на Кривичниот законик, за кој треба да расправа Парламентот, каде владејачката коалиција има мнозинство.

Со измените предложени од коалициската влада се предлага до средината на јануари да се укине специјалното обвинителство кое се занимава со тешки кривични дела како што се корупцијата, организираниот криминал и екстремизмот.

Тие случаи би ги преземале обвинителите во подрачните канцеларии кои 20 години не се занимаваат со такви кривични дела.

Лидерот на Напредна Словачка, најсилната опозициска партија, Михал Шимечка изјави дека најавените измени ќе донесат „амнестија за мафијата и корумпираните луѓе“.

-Мора да им покажеме дека ќе ја браниме правдата, рече Шимечка.

Протестите се интензивираа на 7 декември кога луѓето излегоа на улиците на Братислава, а денеска беа во 11 градови. мс/

Остани поврзан