• понеделник, 23 декември 2024

Илјадници луѓе на митинг во Пакистан против израелското бомбардирање на Газа

Илјадници луѓе на митинг во Пакистан против израелското бомбардирање на Газа

Исламабад, 29 октомври 2023 (МИА) - Илјадници приврзаници на главната пакистанска верска политичка партија се собраа денеска во главниот град Исламабад за да демонстрираат против израелското бомбардирање на Палестинците во Газа, пренесе Бета.

Собраните приврзаници на партијата Џамаат-е-Ислами кренаа транспаренти и постери со слогани против Израел и САД и за поддршка на Палестинците, извикувајќи антиамерикански слогани и обвинувајќи ги САД за „поддршка на агресорот“.

-Само испраќањето лекови и хуманитарна помош не е доволно, рече лидерот на партијата Сираџул Хак и ги повика лидерите на муслиманскиот свет да застанат во одбрана на Газа и „да се потпрат на Бога наместо да останат робови на САД“.

Друга верска партија, Џамаат Улема Ислам, одржа масовен митинг во југозападниот град Квета, каде нејзиниот лидер Маулана Фазлур Реман изрази солидарност и поддршка за народот во Газа.

Исто така денеска, групата за застапување на жените Аурат Марш одржа протести во неколку пакистански градови против политиката на владата за апсење и депортирање на сите странци за кои е утврдено дека живеат нелегално во земјата по 31 октомври, вклучително и најмалку два милиони Авганистанци.

Поддржувачите на Маршот на Аурат се собраа во Исламабад, Карачи, Лахоре и Мултан за да ги поддржат Авганистанците кои се соочуваат со закана од депортација. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан