• петок, 22 ноември 2024

Илјада Руси ќе бидат депортирани од Летонија ако итно не го регулираат својот мигрантски статус

Илјада Руси ќе бидат депортирани од Летонија ако итно не го регулираат својот мигрантски статус

Рига, 18 јануари 2024 (МИА) - На речиси илјада Руси кои живеат во Летонија им беше кажано да го решат својот мигрантски статус во рок од две недели или доброволно да си заминат, а доколку не го сторат тоа, ќе бидат депортирани, соопшти шефицата на летонската агенција за миграција.

Летонија го промени својот закон за имиграција во есента 2022 година како одговор на руската инвазија на Украина.

За да останат легално да живеат во Летонија, Русите мора да аплицираат за дозвола за престој и да докажат дека знаат летонски. Оние кои до тој рок нема да го докажат своето познавање на јазикот и не ги исполнуваат законските услови, според новиот закон, мора да ја напуштат државата.

Одлуката се однесува на 985 лица, но до април може да опфати 2.500. ссм/

фото: архива

Остани поврзан