• петок, 22 ноември 2024

Илјада дена по забраната, УНИЦЕФ ги повика талибанците да им дозволат на девојчињата да одат на училиште

Илјада дена по забраната, УНИЦЕФ ги повика талибанците да им дозволат на девојчињата да одат на училиште

Кабул, 13 јуни 2024 (МИА) - Поминаа илјада денови откако на девојчињата во Авганистан им беше забрането да одат на училиште, поради што агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ ги повика талибанците да им дозволат на девојчињата да се вратат на училиште.

„За 1,5 милион девојчиња, систематското исклучување не само што е јасно прекршување на нивното право на образование, туку резултира со намалени можности и го оштетува нивното ментално здравје“, рече директорката на УНИЦЕФ, Кетрин Расел.

Таа апелираше до талибанците да им дозволат на девојчињата да се вратат на училиште, нагласувајќи дека ниту една земја не може да напредува ако половина од населението е необразовано.

Откако се вратија на власт во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата и жените да го продолжат своето образование надвор од основното училиште. Меѓутоа, во некои делови од земјата тие посетуваат верски училишта и училишта за акушерки и медицински сестри. паг/

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан