• понеделник, 23 декември 2024

ИЛО: 1,5 милијарди луѓе се изложени на ризик да загубат средства за живот

ИЛО: 1,5 милијарди луѓе се изложени на ризик да загубат средства за живот
Лондон, 29 април 2020 (МИА) - Околу половина од сите работници ширум светот се изложени на ризик да ги загубат средствата за живот поради пандемијата на Ковид-19, предупреди Меѓународната организација на трудот (ИЛО). Станува збор за повеќе од 1,5 милијарди луѓе, објави Би-Би-Си. ИЛО наведува дека во најголема опасност се оние кои работат неформално и работниците во малопродажниот сектор, производство и прехранбената индустрија. Веќе две милијарди неформални работници добиле просечно 60 проценти помалку плата во текот на првиот месец од пандемијата. - За милиони работници, отсуството на приход значи дека нема храна, нема безбедност и нема иднина. Милиони бизниси ширум светот едвај дишат, изјави генералниот директор на ИЛО Гај Рајдер. - Тие немаат заштеда или пристап до кредит. Тие се вистинските лица на светот на трудот. Ако не им помогнеме, тие едноставно ќе пропаднат, додаде тој. јт/

Остани поврзан