• сабота, 23 ноември 2024

ИЛО со апел до владите да ги поддржат работниците мигранти

ИЛО со апел до владите да ги поддржат работниците мигранти
Женева, 24 јуни 2020 (МИА) - Меѓународната организација на трудот (ИЛО) денеска апелираше до владите да ги поддржат десетиците милиони работници мигранти, кои се принудени да се вратат во своите држави поради поандемијата со Ковид-19, каде ќе се соочат со невработеност и сиромаштија. - Владите треба да ги вкулучат работниците кои се вратиле во татковината, од кои многу преку ноќ ја загубиле работата, во мерките за социјална заштита и да ги реинтегрираат во националните пазари на труд, се наведува во соопштението на ИЛО. Додека директорката на Одделението за услови на рабоа и еднаквост а ИЛО, Мануела Томеи изјави дека тоа е “потенцијална криза во кризата“. Се проценува дека ширум светот има 164 милиони работници мигранти, од кои речиси половината се жени. Според податоците на ИЛО, тие претставуваат 4,7 отсто од глобалната работна сила. Голем број од нив работат во секторот за здравствена нега, транспорт, домашните рабои и земјоделството. ми/

Остани поврзан