• понеделник, 23 декември 2024

Илиеска: ВМРО-ДПМНЕ бара скалесто покачување на сите плати и за пензионерите повисоки пензии

Илиеска: ВМРО-ДПМНЕ бара скалесто покачување на сите плати и за пензионерите повисоки пензии

Скопје, 11 февруари 2022

Кога ја зголемуваме минималната плата тоа е една скала која треба понатаму да се придвижи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да има рамноправност во зголемувањето на минималната плата и другите плати кои треба скалесто да се покачуваат, изјави Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ за „Топ Тема“ на Телма телевизија.

Илиеска истакна дека покрај тоа и пензионерите се оние кои што реално треба да имаат повисоки пензии со цел да ги сервисираат своите трошоци и не треба да бидат исклучени, бидејќи кризата е за сите тешка и сите живеат тешко.

- Реалноста е дека во Македонија граѓаните живеат тежок живот и колку побрзо тоа се признае толку побрзо треба да се најдат мерки кои на секој граѓанин ќе му бидат од помош и ќе му го помогнат животниот стандард, рече Илиеска.

Во однос на тоа дека власта се фали со покачената плата, таа истакна дека граѓаните со просечна плата сега можат да купат  многу помалку и колку и власта да се фали дека ја покачила, граѓаните секојдневно се изложени на поголеми трошоци и просечната плата помалку им вреди.

- Без разлика што просечната плата се покачила вие за просечна плата сега може да купите помалку стоки Сите оние кои во 2020 и 2021 добивале просечна нето плата тоа би изгледало дека со просечна исплатена плата во 2020 сте можеле да купат 528 литри бензин, а во 2021 година 383 литри бензин што е 144 литри помалку. Ако земеме масло за готвење од 70 денари во 2020 ја достигна цената во 2021 година 100 денари и со просечна минимална плата во 2020 година сте можеле да купите 788 литри, а во 2021 година  447 литри, рече Илиеска.

Таа посочи дека граѓаните се изложени на дополнителни давачки, даноци, покачена електрична енергија и затоа  владата треба да понуди мерки кои реално ќе помогнат, а не популистички, мерки, додавајќи дека минималната плата е социјална, а не економска мерка и има многу граѓани кои се исклучени од неа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан