• вторник, 26 ноември 2024

ИКС – носител на нова Катедра на УНЕСКО за медиумска писменост

ИКС – носител на нова Катедра на УНЕСКО за медиумска писменост

Скопје, 27 јануари 2023 (МИА) – Институтот за комуникациски студии (ИКС) соопшти дека станал официјален носител на нова Катедра на УНЕСКО за писменост за иднината (futures literacy) и медиумска писменост во рамките на UNESCO/UNITWIN програмата.

Главните цели на новата УНЕСКО Катедра на ИКС, како што се посочува, ќе бидат зајакнување на капацитетите на различни групи на население, вклучително и младата популација и ранливите групи за разбирање и справување со различни видови информации и домашни и меѓународни истражувања за медиумската и информациска писменост и писменоста за иднината.

Меѓу целите е и национална и меѓународна соработка за писменост за иднината која ќе води кон поинклузивни и правични општества и соработка со медумите во креирање на информации и ресурси кои ќе го зајакнат критичното мислење на граѓаните.

-Овој проект е можност за создавање долгорочна и одржлива соработка во областа на медиумската писменост и писменоста за иднината, како и можност за поттикнување на поодговорна употреба на современи дигитални алатки за комуникација и споделување содржини, наведуваат од ИКС. вг/ац/

Остани поврзан