• вторник, 26 ноември 2024

Иконому: Грција е петти туристички бренд во светот

Иконому: Грција е петти туристички бренд во светот
Атина, 8 јуни 2022 (МИА) – Грција е петти туристички бренд во светот. Податоците од крузерите се импресивни. Индикативно, според солунското пристаниште од 180 отсто колку што беше зголемувањето пред неколку седмици, зголемувањето веќе е 250 проценти, напиша на „Твитер“ портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната информација за крузерите ја соопшти министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас говорејќи за грчката телевизија „Скај“ и истакна дека пристигнувањата на пристаништето во Солун се зголемени за речиси четири пати во споредба со минатата година. Зголемување бележи и грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, која соопшти дека во мај имале над еден милион патници во меѓународната и домашната мрежа, 208 отсто повеќе од лани, а 18 проценти помалку од 2019 година, односно летото пред пандемијата. ср/сд/

Остани поврзан