Изјава на претседателот на Собранието, Африм Гаши
- Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој го оствари своето избирачко право на локалните избори во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, во изјава за медиумите истакна дека денеска е голем ден за демократијата и им честиташе на политичките фактори во државата за, како што рече, достоинствената кампања.
Гаши: Оваа кампања беше една од најдобрите примероци како се практикуваше демократијата во нашата државата
Скопје, 19 октомври 2025 (МИА) – Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој го оствари своето избирачко право на локалните избори во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, во изјава за медиумите истакна дека денеска е голем ден за демократијата и им честиташе на политичките фактори во државата за, како што рече, достоинствената кампања.
-Денеска е голем ден за демократијата. Ги поздравувам сите граѓани. Им честитам на политичките фактори во државата за достоинствена кампања. Мислам дека оваа кампања беше една од најдобрите примероци како се практикуваше демократијата во нашата државата. Досега немаше ниту еден инцидент за текот на овие настани. Мислам дека ваква кампања не сме имале досега. Им честитам и на сите граѓани, но и на сите политички фактори во државата за оваа кампања на ваков начин реализирана, порача Гаши.

Гаши упати повик до политичките фактори, институциите и граѓаните да го одржат досегашното ниво на достоинствена кампања до крајот на денот. Ги повика сите институции во државата - Државната изборна комисија, мониторинг мисиите во државата, да бидат на своето право место, да ја извршуваат својата работа најчесно и најодговорно. Се надева дека овој ден ќе се финализира на најдобар можен начин.
Ги повика сите граѓани да излезат да гласат мирно, со свое убедување и да го искажат своето мислење за тој политички субјект, кандидат за кој тие мислат дека најдобро ќе ги претставува во наредните четири години. фф/вј/
Фото: Фејсбук на Африм Гаши