• вторник, 13 јануари 2026

Изјава на Невзат Бејта (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава на Невзат Бејта (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Гостивар, 11 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар на повторените локални избори, Невзат Бејта, денеска го оствари своето гласачко право и упати повик до граѓаните за поголема излезност.

Бејта гласаше на избирачко место во Основното општинско училиште „Единство“, каде што пристигна заедно со своето семејство.

– Денеска со моето семејство ја исполнивме обврската како граѓани, гласавме за доброто на нашиот град. Денес е најубавиот, најдобриот ден за сите граѓани на Гостивар. Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат за иднината на својот град. Мислам дека денес ќе имаме голем празник во интерес на нашите граѓани, вели Бејта. зм/ра/

Фото: МИА

Остани поврзан