Изјава на Зулхајрат Демири (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)
- Кандидатот за градоначалник на општина Врапчиште од коалицијата ВРЕДИ, Зулхајрат Демири по гласањето во селото Градец, изрази задоволство од текот на изборите и кампањата.
Гостивар, 11 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Врапчиште од коалицијата ВРЕДИ, Зулхајрат Демири по гласањето во селото Градец, изрази задоволство од текот на изборите и кампањата.
- Ја исполнив мојата обврска како граѓанин и гласав со гордост и надеж дека тоа ќе ја донесе одлуката на граѓаните на која мора да вратиме со работа и чесност. Излезноста е на високо ниво и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат демократски, рече Демири.
Тој искажа задоволство од начинот на кој била водена предизборната кампања и дека изборот е на граѓаните и на нив им останува одлуката кој ќе ги претставува во следните четири години, врз основа на програмите кои биле претставени. згм/дма/
Фото: МИА