• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изречени 85 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Прилеп

Изречени 85 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Прилеп

Скопје, 5 април 2025 (МИА) - Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска во периодот од 10.00 до 15.00 часот спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола, ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, при што изречени се 85 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

При контролата, како што информираат од МВР, санкционирани се 81 возач од кои: 22 лица за возење без возачка дозвола, 5 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 3 возачи под дејство на алкохол, 8 возачи на возила со затемнети стакла без извршен А-тест, 3 мерки за брзина поголема од дозволената, 8 мерки за непрописно паркирани возила, 6 мерки за претовар на товар и необезбеден товар, 4 барања за правни и одговорни лица, одземени се 2 пмв по 344/4 од ЗБСП односно возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од 6 месеци, одземена е една возачка дозвола по член 341 од ЗБСП како и останати  прекршоци.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан