• сабота, 23 ноември 2024

Изречени 48 санкции за непрописно паркирање на територија на Кочани

Изречени 48 санкции за непрописно паркирање на територија на Кочани
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Во текот на денешниот ден во периодот од 11:00 до 15:00 часот на територијата на Кочани при спроведена зајакната контрола за санкционирање на возачи кои непрописно ги паркираат возилата санкционирани се 48 возачи. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта. фф/сп/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан