• понеделник, 23 декември 2024

Изречени 242 санкции за брзо возење 

Изречени 242 санкции за брзо возење 
Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 242 возачи.
 
Како што информираат денеска од МВР, од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 147 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.
 
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/аа/
 
Фото:МИА архива

Остани поврзан