• вторник, 26 ноември 2024

Изречени 139 санкции за брзо возење

Изречени 139 санкции за брзо возење

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 139 возачи.

Како што информираат од МВР, од нив 8 возачи управувале возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 84  возила ја пречекорилe брзината надвор од населено место, а 55 во населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан