• вторник, 05 ноември 2024

Изречени санкции за возач од скопско кој вршел јавен превоз без лиценца, без возачка дозвола

Изречени санкции за возач од скопско кој вршел јавен превоз без лиценца, без возачка дозвола

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска околу 12.25 часот во село Кучевиште, општина Чучер Сандево, запреле и извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(33) од с.Сингелиќ, скопско. При контролата било утврдено дека возилото не поседува лиценца за јавен превоз и дека му е истечена важноста на тахографскиот уред, а возачот не поседувал возачка дозвола.

Како што информираат денеска од МВР, на возачот му е издаден записник за констатиран прекршок по член 225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а од Државниот инспекторат за транспорт дополнително ќе му биде изречена глоба за истечена важност на тахографскиот уред и непоседување лиценца. сст/мд/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан