• петок, 15 ноември 2024

Израелската армија во последните 48 часа гаѓаше 30 цели во предградијата на Бејрут

Израелската армија во последните 48 часа гаѓаше 30 цели во предградијата на Бејрут

Ерусалим, 14 ноември 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека во изминатите 48 часа погодила „околу 30 терористички цели“ во јужните предградија на Бејрут, упориштето на либанското исламистичко движење Хезболах, додека медиумите објавија нови напади врз сириската престолнина Дамаск.

Целта на нападот е „да ги ослабне воените капацитети на Хезболах“, соопшти армијата, додавајќи дека „неодамна“ гаѓала цели на магацини за оружје, командни центри и друга инфраструктура на исламистичкото движење Хезболах.

Сириската новинска агенција Сана објави дека израелската армија го нападнала квартот Маза во Дамаск, каде се наоѓаат канцелариите на Обединетите нации, амбасадите и сириските безбедносни служби.

Во последните недели тој кварт веќе беше цел на израелски напади. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан