• среда, 16 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израел ја прошири „безбедносната зона“ во северниот дел на Газа

Израел ја прошири „безбедносната зона“ во северниот дел на Газа

Газа, 4 април 2025 (МИА) - Израелските војници влегоа во област во северниот дел на Газа за да ја прошират таканаречената безбедносна зона на периферијата на енклавата, соопштија денеска израелските вооружени сили.

Ова доаѓа само неколку дена откако владата ги објави плановите за заземање значајни области на југот на земјата.

Пред и за време на воената операција во Шеџаја, источно предградие на градот Газа во северниот дел на Појасот, израелските војници помагале во евакуацијата на цивилите по организирани рути, се вели во соопштението на ИДФ.

Израел вчера издаде предупредувања за евакуација во областа, што предизвика стотици жители да ја напуштат.

Стотици илјади Палестинци ги напуштија своите домови во последниве, додека израелските сили ја проширија територијата под нивна контрола и се зацврстија долж разурнатиот град Рафа на јужниот раб на енклавата.

Здравствените власти во Газа соопштија дека најмалку 27 лица, меѓу кои и жени и деца, се убиени во израелски воздушен напад врз училишна зграда во градот Газа, каде што раселените семејства се засолниле.

Израелската војска, од своја страна, рече дека зградата на училиштето Дар ал-Аркам во населбата Туфах во градот Газа ја користат милитантите на Хамас како командно-контролен центар и ги обвини милитантите дека намерно ја користат цивилната инфраструктура како база. Хамас негира дека делува меѓу цивилното население.

Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле многу борци и демонтирале инфраструктура, вклучително и команден и контролен центар на Хамас. Израел сè уште не ги објавил своите долгорочни планови за областите што сега ги зазема како тампон зона.

Според жителите на Газа, целта е трајно депопулација на териториите.

Медицински тим од болницата Насер во Кан Јунис изјави дека 25 лица загинале при напад врз станбена зграда во овој град во јужниот дел на Појасот Газа.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави план за претворање на енклавата во крајбрежно одморалиште под контрола на САД, а Израел рече дека ќе им помогне на Палестинците кои сакаат доброволно да заминат.

По двомесечен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата операција во Газа на 18 март. Израелските министри рекоа дека операцијата ќе продолжи се додека не се вратат 59-те заложници кои се уште се држат во Газа. Хамас соопшти дека ќе ги ослободи само доколку има договор за конечно завршување на војната.

Конфликтот започна откако на 7 октомври 2023 година борците на Хамас го нападнаа Израел, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа 250 заложници. Како одговор, Израел срамни поголем дел од Газа и уби најмалку 50.000 Палестинци, според палестинските здравствени власти. мс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан