• вторник, 24 декември 2024

Израел уби тројца борци на Хезболах во напад во Либан

Израел уби тројца борци на Хезболах во напад во Либан

Бејрут, 2 март 2024 (МИА) - Во редовните, речиси секојдневни, прекугранични судири меѓу израелските сили и Хезболах, денеска во напад на израелско беспилотно летало врз позициите на движењето во јужен Либан загинаа тројца припадници на ова проиранско шиитско движење, кое се бори на страната на Палестинците во војната во Појасот Газа. 

Тројцата милитанти се убиени во автомобил на пат недалеку од градот Накура. Едниот од нив бил експерт за оружје, наведоа извори на британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека ги проверува извештаите за инцидентот. 

Хезболах претходно денеска соопшти дека извршил напад со дрон со експлозив врз штабот на израелската армија во Лиман и дека локацијата била директно погодена. 

Како и  Хамас, и либански Хезболах е сојузник на Иран, кој го напаѓа Израел од соседен Либан. сд/

фото ЕПА

Остани поврзан