• среда, 25 декември 2024

Израел соопшти дека започнал ограничени копнени операции во Газа

Израел соопшти дека започнал ограничени копнени операции во Газа

Тел Авив, 23 октомври 2023 (МИА) - Израелските вооружени сили денеска соопштија дека нивните копнени сили синоќа започнале ограничени копнени операции во Појасот Газа против палестинските милитанти, а воздушните напади биле фокусирани на места каде што борците на радикалното исламистичко движење Хамас се собирале за да се борат против можна израелска инвазија.

Израелската војска додаде дека во изминатите 24 часа погодила повеќе од 320 цели во Појасот Газа, вклучително и тунел во кој биле стационирани борците на Хамас, десетици командни и набљудувачки пунктови, како и минофрлачки гнезда и лансирни противтенковски ракетни системи.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари посочи и дека вооружените сили потврдиле дека 222 лица биле земени како заложници за време на нападот на Хамас на 7 октомври.

Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Изедин Ал-Касам, соопшти дека нивните борци се судриле со израелските сили во Појасот Газа и се вратиле во својата база откако ја уништиле израелската воена опрема.

Во соопштението на палестинската група се вели дека израелските оклопни сили навлегле во јужниот дел на Газа, источно од градот Кан Јунис. „Борците се судрија со силите кои се инфилтрираа, уништија два булдожери и еден тенк и ги принудија да се повлечат, по што успешно се вратија во својата база“, се додава во соопштението. ссм/

фото: архива

Остани поврзан