• понеделник, 23 декември 2024

Израел прогласи четиричасовен прекин на огнот во централниот дел на Газа

Израел прогласи четиричасовен прекин на огнот во централниот дел на Газа

Тел Авив, 25 декември 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска прогласија четиричасовен хуманитарен прекин на огнот во централниот дел на Појасот Газа, со цел да се одмори локалното население од борбите и да се дозволи хуманитарна помош, соопшти Канцеларијата за координација на владините активности на палестинските територии.

„ИДФ спроведува тактички паузи во хуманитарната помош со цел да го надополни снабдувањето со храна и вода во Појасот Газа. Денеска, 25 декември, прогласена е пауза во А-Шеик Мухамед ал Џамани Вест во Деир ал Балаху во периодот од 10 до 14 часот по локално време“, се наведува во соопштението на ИДФ на платформата Х, пренесоа западните агенции. сд/

фото: МИА архиова

Остани поврзан