• петок, 22 ноември 2024

Израел потврди дека заменик командант на Хамас е убиен во израелски напад

Израел потврди дека заменик командант на Хамас е убиен во израелски напад

Тел Авив, 26 март 2024 (МИА) - Заменик воениот командант на „Хамас“ Марван Иса е убиен во израелски напад овој месец, изјави денеска портпаролот на израелската армија, потврдувајќи ги извештаите објавени претходно овој месец.

„Ги прегледавме сите разузнавачки информации“, рече контраадмиралот Даниел Хагари во телевизиска изјава. „Марван Иса беше елиминиран во напад што го изведовме пред околу две недели.

Засега нема коментар од Хамас.

Иса беше на врвот на листата на најбарани во Израел заедно со Мохамед Деиф, шефот на военото крило на Хамас и лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар.

Се верува дека тие го организирале нападот на групата на 7 октомври врз јужниот дел на Израел што ја предизвика војната во Газа. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан