• сабота, 28 декември 2024

Израел поднесе жалба против одлуката на МКС за налогот за апсење на Нетанјаху и Галант

Израел поднесе жалба против одлуката на МКС за налогот за апсење на Нетанјаху и Галант

Тел Авив, 27 ноември 2024 (МИА) – Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека ја обжалил одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант.

Во владиното соопштение се наведува дека во жалбата „детално се објаснува колку е апсурдно издавањето на налогот за апсење и колку истиот нема фактичка и правна основа“.

Ако МКС ја отфрли жалбата, тоа само „ќе им покаже на пријателите на Израел во САД и светот колку е пристрасен Меѓународниот кривичен суд против Израел“, се додава во соопштението.

МКС минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант и водачот на военото крило на Хамас, Мухамед Деиф, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа.

Судот го отфрли тврдењето на Израел дека требало да го извести Израел за истрагата за борбите, иако рече дека земјата може да поднесе жалба на надлежноста на судот по одлуката за издавање на налогот за апсење. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан