• понеделник, 23 декември 2024

Израел одговори на првото ракетирање од Газа по повеќе од еден месец

Израел одговори на првото ракетирање од Газа по повеќе од еден месец
Ерусалим, 6 мај 2020 (МИА) - Иизраелската војска соопшти дека рано утрово нападнала три позиции на екстремистите на Хамас, како одговор на првото ракетирање од таа палестинска територија, по повеќе од еден месец. Како што е наведено, ракетата била истрелана од Газа кон Израел и паднала на отворено поле, а војската во знак на одмазда ги нападнала позициите на Хамас со тенкови. Нема повредени, а ниту една палестинска организација не презеде одговорност за нападот. Сепак, Израел вели дека водачите на Хамас се одговорни за секое насилство што доаѓа од тој појас на брегот на Средоземното Море. паг/      

Остани поврзан